+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Пробниот попис заврши
понеделник, 01 јули 2019

 

Пробниот попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија кој се спроведуваше во 32 пописни круга во 13 општини, успешно заврши во предвидениот рок. Сите активности што беа планирани за Пробниот попис се навремено завршени и Државниот завод за статистика е задоволен од оваа операција. Одредени елементи треба да се коригираат во апликацијата, констатирани се состојбите на теренот, односно обемот и големината на одредени пописни кругови, а најважно од сè, попишувачите и државните инструктори – вработени во Државниот завод за статистика, одлично се снајдоа во улогата на попишувачи и успешно ја реализираа целата активност на терен.    

Во текот на Пробниот попис се попишани 3.839 згради, 4.572 станови, 3.184 домаќинства и 10.267 лица. 1.400 станови се пронајдени празни, додека 30 лица одбиле да бидат попишани.

Државниот завод за статистика продолжува со активностите за подготовка на главната пописна активност што треба да се спроведе во април 2020 година.

 




© Државен завод за статистика