+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Студенти од МБУ во посета на Државниот завод за статистика
четврток, 09 мај 2019

 

Продолжувајќи ја традицијата на редовни годишни предавања кои произлегуваат од Меморандумот за соработка меѓу Меѓународниот балкански универзитет и Државниот завод за статистика, гости на Заводот беа студенти од повеќе студиски групи на овој Универзитет.

Тема на предавањето беа методите на спроведување на статистичките истражувања и користењето на податоците од веб-страницата на Заводот.

Студентите и професорите од МБУ пројавија голем интерес за предавањето по што се разви дискусија за одредени теми за кои студентите беа посебно заинтересирани.

Државниот завод за статистика и понатаму ќе продолжи со организацијата на ваков тип на предавања, сè со цел зголемување на статистичката писменост и приближување на статистичките податоци до студентската популација.

 

 




© Државен завод за статистика