+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Објаснувачки состанок за Поглавје 18 – Статистика
четврток, 14 февруари 2019

 

На 12 и 13 февруари 2019 г. во Луксембург, во седиштето на Европскиот статистички завод Евростат, се одржа објаснувачки состанок за Поглавје 18 – Статистика, како дел од скрининг процесот за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.
Делегацијата предводена од главниот технички преговарач на Владата на РМ, г.Бојан Маричиќ, и директорот на Државниот завод за статистика, г.Апостол Симовски, во текот на дводневниот состанок имаше можност да ги слушне сите потребни елементи чиешто исполнување претставува неопходен услов за поставување на преговарачките позиции на Република Македонија во однос на Поглавје 18 – Статистика.
Во делегацијата учествуваа претставници на Државниот завод за статистика, како и претставници на институциите кои се дел од Националниот статистички систем на Република Македонија.

 

     
   




© Државен завод за статистика