+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Заврши редовната годишна мисија на Евростат
понеделник, 08 октомври 2018

 

На 5 октомври 2018 година се одржа редовната годишна мисија за оценување на работата на Државниот завод за статистика, што ја спроведува Евростат.

Претставникот на Евростат најнапред оствари средба и разговори со директорот на ДЗС. Притоа претставникот беше запознаен со активностите на Заводот во изминатиот период, како и со идните приоритети во насока на унапредување на работата, подобрување на квалитетот и осовременување на процедурите за прибирање и пристап до податоците на Заводот.

Беа остварени и работни средби со вработени од сите сектори во Заводот, кои подетално ја презентираа својата работа и достигнувањата во насока на усогласување на македонското со европското законодавство во областа на статистиката.




© Државен завод за статистика