+A   |  -A
ппп: 895 | ввв: 200425
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Работилница за статистичка писменост
петок, 17 ноември 2017

 

Денес во х.Порта, во Скопје, се одржа работилница на тема „Статистичка писменост“ на која учествуваа претставници на невладини организации од внатрешноста на земјата. Работилницата беше креирана во два дела и тоа во првиот дел, стручни лица од Државниот завод за статистика одржаа три презентации за основите на статистичката писменост, а потоа, учесниците на Работилницата, под надзор на статистичарите од ДЗС, работеа на конкретно преземање на податоци од веб-страницата на ДЗС, нивно табелирање и , на крај, толкување на податоците.
Оваа Работилнница, како и претходнните кои се организраат во соработка со Канцеларијата на UNFPA во Скопје и Платформата за справување со сиромаштијата, побуди огромен интерес и многу набрзо ќе се одржи и втора работилница од ваков тип, со што соработката ќе продолжи и во иднина.




© Државен завод за статистика