+A   |  -A
ппп: 811 | ввв: 203152
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Заврши Конференцијата за статистичка доверливост
петок, 22 септември 2017

 

Денес во Скопје заврши со работа тридневната Конференција за статистичка доверливост во организација на Економската комисија за Европа на ОН и Евростат. На Конференцијата присуствуваа претставници на 27 земји од сите континенти на светот, како и претставници на УНЕКЕ и ЕУ.

Учесниците на Конференцијата имаа можност да презентираат и да разменат мислења и искуства на повеќе теми од областа на заштитата на доверливоста на статистичките податоци, но и да поразговараат за насоките во кои ќе се развива оваа област во иднина.

На Конференцијата, Државниот завод за статистика се претстави со 2 труда:
- „Мерки против губење на информации кај заштитените податоци“ од г-ѓа Мира Тодорова
- „Доверливост на податоците во статистичките регистри“ од г-ѓа Мирјана Бошњак


 




© Државен завод за статистика