+A   |  -A
ппп: 518 | ввв: 162135
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Работилница со граѓанскиот сектор и медиумите
вторник, 12 септември 2017

 

Вчера во Скопје се одржа Работилница со граѓанскиот сектор и медиумите, посветена на подготовките на Петгодишната програма за работа на Државниот завод за статистика за периодот 2018-2022 година.


Здруженијата од граѓанскиот сектор покажаа огромен интерес за Работилницата. По одржаните презентации од страна на претставници на Државниот завод за статистика (ДЗС), се отвори обемна дискусија која беше одлична можност за искажување на ставовите на невладиниот сектор во однос на достапноста на податоците на ДЗС, она што им недостасува на невладините организации во однос на објавувањето на статистичките податоци на пониско територијално ниво, како и од областа на социјалната заштита, со генерален заклучок дека Заводот во иднина треба да организира тематски средби со граѓанскиот сектор заради задоволување на потребите од статистички податоци.


Ова е трета по ред Работилница посветена на подготовките на Петгодишната програма за работа на ДЗС која се организира во соработка со Канцеларијата на УНФПА во Македонија и Платформата за справување со сиромаштијата.




© Државен завод за статистика