+A   |  -A
ппп: 464 | ввв: 147142
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Тринаесетти состанок на Поткомитетот за економско-финансиски прашања и статистика во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Македонија
вторник, 07 февруари 2017

 

Вчера се одржа 13-тиот состанок на Поткомитетот за економско-финансиски прашања и статистика во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Македонија.

Во согласност со делокругот на Поткомитетот, дневниот ред ги опфати следните области: економски и монетарни случувања во Република Македонија и во ЕУ; односите на Република Македонија со меѓународните финансиски институции; преглед на состојбата на пазарот на трудот; слободно движење на капиталот, финансиска контрола; статистика, како и претпристапни прашања – Програма за економски реформи (ПЕР) и финансиската соработка со ЕУ.

Учесници од Државниот завод за статистика беа директорот на Државниот завод за статистика, г-ѓа Лидија Костовска и заменик-директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков.
Државниот завод за статистика го истакна постигнатиот напредок во областа на статистиката, особено во однос на:

  • подобрувањето на статистичката инфраструктура и зајакнувањето на квалитетот на ресурсите на ДЗС,
  • напредокот во областа на статистичките класификации и регистри,
  • подобрувањето на квалитетот на податоците,
  • испитувањето на квалитетот на административните извори со цел зголемено користење на податоците од административните извори за статистички цели,
  • понатамошното имплементирање на ЕСС 2010 во согласност со роковите на Акцискиот план усвоен во соработка на трите институции (ДЗС, Народната банка на Република Македонија и Министерството за финансии),
  • напредокот во областа на секторските статистики,
  • зголемувањето на транспарентноста и достапноста на податоците и модернизирање на дисеминацијата на податоци,
  • зголемувањето на бројот на продуцирани статистички податоци и индикатори,
  • унапредувањето на начинот на прибирање на податоци со вклучување на сѐ поголем број прибирања на податоци со деталниот метаподаточно управуван систем за онлајн-прибирање на податоци врз основа на веб-форми (еСтат) во ДЗС,
  • активностите за зголемување на бројот на навремено доставените сетови на податоци до Евростат.



© Државен завод за статистика