+A   |  -A
ппп: 491 | ввв: 162103
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Известување за корисниците во врска со соопштението за Попис на училишниот простор на основните и средните училишта во Република Македонија, во 2016 година
вторник, 27 декември 2016

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени од спроведениот Попис на училишниот простор на основните и средните училишта во Република Македонија, во 2016 година, бројот на основните и средните училишта изнесува 1205. За појаснување, во вкупниот број од 1205, се вклучени 370 централни основни училишта и 119 централни средни училишта, додека од вкупно 716 подрачни училишта, подрачни основни училишта се 708, а 8 се подрачни средни училишта.
Според статистичката методологија, како училиштa се сметаат централните училишта и подрачните училишта како единици во состав.
Подетални методолошки објаснувања за Пописот на училишниот простор на основните и средните училишта можете да најдете на следниот линк  http://www.stat.gov.mk/MetodoloskiObjasSoop.aspx?id=134&rbrObl=5.





© Државен завод за статистика