+A   |  -A
ппп: 539 | ввв: 182081
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Студиска посета од Факултетот за земјоделски науки и храна
понеделник, 19 декември 2016

 

Гости на Државниот завод за статистика беа студенти и професори од Факултетот за земјоделство и храна (I и IV година), кои проследија презентација од областа на земјоделските статистики.
Пред студентите беа презентирани статистичките истражувања што Заводот ги спроведува од областа на земјоделството, беа разгледани најважните индикатори, а голем дел од презентацијата беше посветен на дисеминацијата на статистичките податоци и веб-страницата на Заводот.
Студентите и нивните професори изразија големо задоволство од презентацијата што го покажаа со многу прашања и дискусијата што се разви.

Студиската посета претставува продолжување на соработката што Државниот завод за статистика ја воспостави со високообразовните институции во Република Македонија, за која постои голем интерес и ќе продолжи и во иднина.

 




© Државен завод за статистика