+A   |  -A
ппп: 587 | ввв: 175442
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Едукативен караван на Државниот завод за статистика
вторник, 06 декември 2016

 

Во изминатиов период, Државниот завод за статистика продолжи со својот Едукативен караван за промовирање на статистиката кај средношколската популација со посета на средни училишта ширум Република Македонија.


Караванот започна во октомври, во знак на одбележување на Европскиот ден на статистиката, кога беа посетени дел од средните училишта во Скопје и пред учениците и наставниците беа одржани презентации за важноста на статистиката и придобивките од користењето на официјални статистички податоци.


Акцијата се покажа како многу успешна и продолжи и во други градови низ Македонија кога беа посетени средните училишта во Радовиш, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп и Битола.


На овие презентации учениците се запознаа со начините на користење на официјалните статистики, каналите за дисеминација на статистичките податоци и нивното значење. Радува фактот дека Едукативниот караван побуди голем интерес кај средните училишта од цела Македонија, па Државниот завод за статистика ќе продолжи со своите континуирани активности за промовирање на статистичката дејност.




© Државен завод за статистика