+A   |  -A
ппп: 609 | ввв: 169200
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Состанок со директорот на Директоратот за соработка во Европскиот статистички систем, меѓународна соработка и ресурси во Евростат
вторник, 06 септември 2016

 

Во заедничка организација на Државниот завод за статистика и на Делегацијата на Европската унија, на 5.9.2016 година, во посета на Државниот завод за статистика и другите учесници во Статистичкиот систем на Република Македонија пристигна г. Питер Евераерс, директор на Директоратот за соработка во Европскиот статистички систем, меѓународна соработка и ресурси при Евростат.

На состанокот со Државниот завод за статистика, г. Евераерс беше пречекан и имаше разговори со г-ѓа Лидија Костовска, директор, г. Дејан Станков, заменик- директор и со високото раководство на секторите. На состанокот се дискутираше за напредокот на македонската официјална статистика во хармонизирањето со статистиката на Европската унија, како и за идните планови и обврски за натамошното прогресивно интегрирање на Државниот завод за статистика во Европскиот статистички систем со зајакнување на институцијата и на нејзината координативна улога во Националниот статистички систем.


Г. Евераерс, по завршувањето на состанокот со претставниците од Заводот, оствари и средби и разговори и со: Министерството за финансии, со г. Кирил Миноски, министер за финансии, Народната банка, со г. Димитар Богов, гувернер и Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернер и Министерството за информатичко општество и администрација, со г. Тимчо Муцунски, заменик министер и е констатирано дека посетата е успешна и соработката продолжува со зголемен интензитет.

 




© Државен завод за статистика