+A   |  -A
ппп: 441 | ввв: 162024
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Рекреативно дружење на Водно
вторник, 31 мај 2016

 

Во рамките на одбележувањето на Денот на македонската статистика, Државниот завод за статистика на 28.05.2016 год. (сабота) организираше рекреативно дружење во природа и искачување на врвот Водно (1066 метри надморска висина). Учество земаа вработени и љубители на природата кои тргнаа во 9:00 часот од пред полициската станица на Водно. Пристигнувањето на групата до Средно Водно беше за околу 40 минути, а за поупорните учесници до врвот им беа потребни уште 70 минути. Дружењето продолжи во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот Водно, каде што за учесниците беше подготвен традиционалниот планинарски грав.




© Државен завод за статистика