+A   |  -A
ппп: 802 | ввв: 202944
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Состанок на Комисијата за оценка на детски ликовни творби
петок, 13 мај 2016

 

На 12.05.2016 година во Државниот завод за статистика се одржа состанок на Комисијата за оценка на детски ликовни творби пристигнати на конкурсот на тема „Светот низ бројки“, распишан по повод 1-ви јуни, Ден на државната статистика.

Комисијата во состав: професор Саше Барјактаров-претседател, професор Боро Арсовски-член и професор Гоце Стоилковски-член, сите од Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ од Скопје и Дамир Пух-член и Александар Ефтимовски-член од Државниот завод за статистика, ги разгледуваа и оценуваа пристигнатите ликовни творби од основните училишта во Република Македонија.

На состанокот комисијата ги селектираше цртежите според условите на конкурсот, така што сите 513 пристигнати творби беа поделени во три категории според возраста на учениците: од V и VI одделение, од VII и VIII одделение и од IX одделение.

Крајниот рок до кој Комисијата за оценка на детските ликовни творби треба да донесе одлука за избор во сите три категории и за истото да го извести Државниот завод за статистика е 18 мај 2016 година.




© Државен завод за статистика