+A   |  -A
ппп: 593 | ввв: 175431
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Средношколци од Кочани во посета на Државниот завод за статистика
среда, 20 април 2016

 

Државниот завод за статистика денес беше домаќин на средношколците од СОУ „Љупчо Сантов“ - економска насока, од Кочани.
Заменикот-директор на ДЗС, м-р Дејан Станков, пред учениците и нивните професори одржа презентација за значењето на статистиката, развојот и достигнувањата на статистиката во Македонија, како и улогата на Државниот завод за статистика во националниот статистички систем, но и во европското и светското статистичко семејство.


Од страна на вработените беше презентирана веб-страницата на ДЗС, а особено внимание привлече МакСтат базата на податоци со можноста за самостојно креирање на табели и графикони.


Гостите изразија големо задоволство од посетата со желба соработката меѓу двете институции да продолжи и во иднина.

 




© Државен завод за статистика