+A   |  -A
ппп: 658 | ввв: 193355
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Втора експертска мисија: ,,Преглед на методологиите за хармонизација, транспозиција и препораки за подобрување“
петок, 04 март 2016

 

Од 01.-03.03.2016 година во Државниот завод за статистика беше спроведена втората експертска мисија на тема : ,,Преглед на методологиите за хармонизација, транспозиција и препораки за подобрување “, како дел од твининг-проектот на Секретаријатот за европски прашања ,, Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети на ЕУ интегративниот процес” .

Мисијата беше организирана од страна на СЕП, во соработка со Државниот завод за статистика, како носител и координатор на статистичкиот систем во Република Македонија. На средба со директорот на ДЗС г-ѓата Лидија Костовска и највисоките раководни службеници, а во присуство на претставникот од СЕП г-динот Александар Зафировски, експертот од мисијата г-динот Ларс Роршнајдер беше запознат со актуелните состојби, планови и програми за работа на ДЗС, преземените активности за унапредување на работата во периодот од претходната мисија до денес, како и за новините планирани во наредниот период, се со цел за полесна транспозиција и хармонизација на националното со европското законодавство. Заради подетално согледување на состојбите во работењето на Државниот завод за статистика, за експертот беше организирана средба и разговори со регионалното одделение за статистика во Велес.

Во организација на ДЗС, средба и разговори, заеднички и поединечни, се одржаа и со претставници на државните органи и други институции што се членки на Работната група за статистика чија работа ја координира директорот на ДЗС, како што се: Министерството за финансии, Народната банка на Република Македонија, Министерството за надворешни работи, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Царинската управа, Централниот регистар и др. Во присуство на европскиот претставник на Твининг проектот во СЕП, сите претставници информираа за својата работа во доменот на статистиката, соработката со ДЗС, како и за идните планови во рамките на органите и во рамките на Работната група за статистика.




© Државен завод за статистика