+A   |  -A
ппп: 484 | ввв: 162092
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Последен број од изданието, „Краткорочни статистички податоци за стопанските движења во Република Македонија“
четврток, 03 март 2016

 Почитувани корисници,
Ве известуваме дека вчера го објавивме последниот број од изданието на Државниот завод за статистика, „Краткорочни статистички податоци за стопанските движења во Република Македонија“ бр.1.3.16.02.
Од следниот месец, дел од податоците од ова издание ќе можете да ги најдете во „Месечен статистички извештај“, а дел во другите публикации на Државниот завод за статистика и, секако, во статистичката база на податоци, МакСтат, на нашата веб-страница.
Оваа промена е резултат на унапредувањето на работата на Државниот завод за статистика и е во согласност со развојот на МакСтат базата за потребите на корисниците на статистичките податоци.



© Државен завод за статистика