+A   |  -A
ппп: 790 | ввв: 202834
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Студиска посета на делегација од Босна и Херцеговина
четврток, 24 декември 2015

 

Државниот завод за статистика, на 21 и 22 декември 2015 година, беше домаќин на претставници од Агенцијата за статистички истражувања на Босна и Херцеговина, од Федералниот статистички институт на Федерацијата Босна иХерцеговина и од Републичкиот завод за статистика на Република Српска.


Студиската посета на делегацијата беше иницирана од страна на Меѓународната организација на трудот во Република Македонија, со образложение дека Државниот завод за статистика, според оценката на меѓународните експерти, има драгоцени искуства од спроведувањето на Анкетата за работната сила што може да бидат пренесени и на претставниците од Босна и Херцеговина.


За време на средбите и разговорите беа опфатени повеќе теми од сферата на социјалната статистика, а се разговараше и за други прашања од доменот на работата на заводите за статистика.


На крајот од посетата беше искажано задоволство и благодарност од страна на гостите и беа договорени понатамошни средби и состаноци со цел унапредување на регионалната соработка и дефинирање на заеднички активности сврзани со целите за одржлив развој 2015-2030 година.




© Државен завод за статистика