+A   |  -A
ппп: 611 | ввв: 217009
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Ученици од ОУ„Круме Кепески“ од Скопје - гости на Државниот завод за статистика
петок, 20 ноември 2015

 

Учениците од V одделение од ОУ„Круме Кепески“ од Скопје, заедно со нивните наставнички, го посетија Државниот завод за статистика со желба да се запознаат со работата на ДЗС и податоците што ги произведува. Имено, во рамките на предметот Општество, учениците ја обработуваат и темата за демографските карактеристики на населението во Република Македонија, па за таа цел беше подготвена посебна презентација која на сликовит начин им го прикажа движењето на населението во Република Македонија низ годините, како и неговите карактеристики.


На крајот, не учениците им беше презентирана и веб-страницата на ДЗС и сите интерактивни алатки со кои тие самите можат да пребаруваат низ богатството од податоци што го содржи страницата.


Учениците изразија голем интерес за статистичките податоци што се однесуваат на школувањето и на населението во Република Македонија и заедно со нивните наставници искажаа задоволство од она што им беше презентирано. На крајот од посетата беше искажана благодарност и надеж дека и во иднина ќе имаме поводи за заеднички средби.

 




© Државен завод за статистика