+A   |  -A
ппп: 602 | ввв: 173590
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Средба со бизнис-заедницата во Стопанската комора на Македонија
вторник, 03 ноември 2015

 

Во рамките на одбележувањето на 70-годишниот јубилеј и Светскиот ден на статистиката, вчера, во Стопанската комора на Македонија, Државниот завод за статистика ја презентираше својата работа пред голем број претставници на фирми - членки на Комората.


Соработката на ДЗС со бизнис-заедницата има огромно значење за реализацијата на програмските задачи на институцијата и само редовното и навремено прибирање на податоци од компаниите може да придонесе за производство на квалитетни, навремени и меѓународно споредливи податоци кои ќе бидат од огромна корист и за самите комапнии во креирањето на нивните бизнис планови.


Истовремено, беше презентиран воспоставениот електронски систем за прибирање на податоци, кој значително ја олеснува комуникацијата со комапниите и влијае на намалување на трошоците на работење.


Интензивирањето на соработката со бизнис-заедницата, како еден од приоритетите на Државниот завод за статистика, продолжува и во иднина со низа средби и дискусии со непосредните даватели на податоци во државата.




© Државен завод за статистика