+A   |  -A
ппп: 602 | ввв: 194677
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


„Статистичкиот систем на Република Македонија – постигнувања и предизвици“
петок, 30 октомври 2015

 

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на статистиката, во Охрид се одржа Работилница на тема „Статистичкиот систем на Република Македонија – постигнувања и предизвици“, на која учествуваа носителите во националниот статистички систем и институциите кои се носители на административни збирки на податоци.

Државниот завод за статистика, како централен носител и координатор на статистичкиот систем на Република Македонија, а и како организатор на оваа Работилница, како главни теми ги постави капацитетите и соработката меѓу сите чинители во статистичкиот систем, со посебен осврт на новите глобални цели за одржлив развој, подготовката и следењето на реализацијата на Петгодишната програма за статистички истражувања и подготовките за претстојното Партнерско оценување на националниот статистички систем од страна на Евростат, што ќе се реализира во втората половина на 2016 година.

Работилницата претставуваше убава можност за размена на мислења и искуства, но и за можностите за подигнување на нивото на соработка меѓу институциите вклучени во националниот статистички систем, а сè со цел подобри статистики за подобри одлуки.




© Државен завод за статистика