+A   |  -A
ппп: 640 | ввв: 173728
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Одбележување на Светскиот ден на статистиката
среда, 21 октомври 2015

 

Вчера, Државниот завод за статистика ги отпочна активностите за одбележување на Светскиот ден на статистиката со два настана кои претставуваа презентација на значењето на статистиката во општествено-економскиот и политичкиот живот на Република Македонија, но и презентација на Светскиот ден на статистиката во глобални рамки.


Гости на Заводот беа учениците од гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје кои се запознаа со значењето на Светскиот ден на статистиката и со работата на Државниот завод за статистика.


Одбележувањето на овој значаен датум беше искористено и за презентација на достигнувањата на македонската статистика пред студенти и професори од Економскиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методи“ од Скопје и од Економскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје со кои Државниот завод за статистика има долгогодишна соработка. На средбата присуствуваа и претставници на Економскиот факултет - Прилеп при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола.


На крајот од настанот, заменикот на директорот на Државниот завод за статистика, м-р Дејан Станков и деканот на Економскиот факултет од Прилеп, проф.д-р Ѓорѓи Манчевски, потпишаа Меморандум за соработка кој претставува основа за унапредување на соработката и со овој Факултет, што всушност е продолжување на заложбите на Државниот завод за статистика за проширување и зацврстување на соработката со високообразовната и научната јавност во Република Македонија.

   




© Државен завод за статистика