+A   |  -A
ппп: 452 | ввв: 162048
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Државниот завод за статистика - домаќин на следната заедничка работна сесија на ОНЕКЕ/Евростат за доверливост на статистичките податоци
вторник, 13 октомври 2015

 На последната заедничка сесија на ОНЕКЕ/Евростат за доверливост на статистичките податоци, одржана минатата недела во Хелсинки, Државниот завод за статистика аплицираше да биде следниот домаќин и коорганизатор на сесијата.

Управниот одбор на ОНЕКЕ ја прифати апликацијата и извести дека следната сесија ќе се одржи во Република Македонија.

Главната цел на овој состанок е да се информира за новите трендови во заштитата на статистичките податоци, да се разменат искуства помеѓу националните статистички заводи и универзитетите кои спроведуваат статистички истражувања во доменот на заштитата на статистичките податоци, и најдобрите пракси и научените лекции во справувањето со техничките прашања поврзани со доверливоста на статистичките податоци.



© Државен завод за статистика