+A   |  -A
ппп: 647 | ввв: 217102
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Прибирање на податоци за ажурирање на рамката за избор на примерок во областа на социјалните статистики
петок, 02 октомври 2015

 Државниот завод за статистика, од второто тримесечје на 2015 година, спроведува активност за прибирање на податоци за единиците на набљудување во случајно избраните статистички кругови на квартално ниво, за ажурирање на рамката која се користи за избор на примерок за статистичките истражувања во кои како извештајни единици се вклучени домаќинствата.

Со оваа активност се обезбедуваат ажурирани и квалитетни податоци за домаќинствата и бројот на лицата кои живеат во нив, како и за бројот, видот и територијалната разместеност на становите.

Добиените статистички информации од оваа активност се користат исклучиво за статистички цели, за ажурирање на рамката за примерок и претставуваат основа за подготовка и спроведување на примерочните истражувања од областа на социјалните статистики.



© Државен завод за статистика