+A   |  -A
ппп: 567 | ввв: 194608
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Техничка посета од Евростат во врска со подготвување податоци согласно Процедурата за прекумерен долг, 24-25 јуни 2015
вторник, 30 јуни 2015

 

На мисијата беа присутни три стручни лица од Евростат: Лена Фреј Олсон, раководител на единицата Д-2 (Процедура за прекумерен долг), Сесилија Поп, EDP одговорно лице за Република Македонија и Ленка Валента, единица Д1 (Процедура и методологија на прекумерен дефицит).

Учесници од Република Македонија беа лицата од Секторот за национални сметки од Државниот завод за статистика, претставници на Народната банка на Република Македонија и претставници на Министертвото за финансии.

Целта на мисијата беше да се презентираат методолошките аспекти за подготвување на табелите за прекумерниот дефицит од страна на Евростат и да се согледа организацијата, капацитетот и одговорноста меѓу трите институции во Република Македонија во однос на подготвувањето на податоците во согласност со барањата на Евростат.

Особено беа разгледани аспектите на секторизацијата на единиците во институционалните сектори, изворите на податоци во институциите и размената на податоци меѓу институциите во согласност со временската рамка за известување на Евростат двапати во годината.

По исцрпните дискусии, од страна на Евростат беше предложена листа на активности (бенчмаркови) и временски период во кој треба да се подготват табелите и соодветните методолошки документи поврзани со имплементацијата на обврските за известување како земја-кандидат.

За учесниците посетата беше добра прилика за дискусија на методолошките прашања поврзани со изворите на податоци и нивната консолидација во однос на дефинициите, принципите на вреднување на трансакциите и третирањето на „граничните случаи“ во согласност со методологијата ЕСС 2010, како и прирачниците за владината статистика и Прирачникот за владиниот дефицит и долг. 




© Државен завод за статистика