+A   |  -A
ппп: 630 | ввв: 183586
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


1 јуни - Ден на македонската статистика
понеделник, 01 јуни 2015

 

Државниот завод прославува голем јубилеј - 70 години од своето основање. Во далечната 1945 година, на 19 мај, тогашната Влада на Народна Република Македонија го формираше Федералниот статистички уред, а денот на објавувањето на оваа Одлука - 1 јуни се одбележува како Ден на статистичарите во Република Македонија.


Веќе 70 години Заводот ја раскажува приказната за Република Македонија низ бројки -релевантни, веродостојни и достапни. Веќе 70 години генерации статистичари ги вложуваат сите свои знаења и способности за да обезбедат статистички податоци што ќе имаат вредност за носителите на одлуките во државата, за претставниците на бизнисот, за домаќинствата и за граѓаните кои го посветуваат своето време и енергија за да ги комплетираат статистичките истражувања.


И затоа, овој голем јубилеј Заводот го одбележува со неколку настани - крводарителна акција, свечена академија и средба на вработените кои ќе се одржат во оваа недела на јубилејот.


А заложбите на Државниот завод за статистика за исполнување на поставените цели и предизвици продолжуваат и понатаму стремејќи се кон уште поголеми резултати до новиот јубилеј.

Повеќе на следниот линк: 70 години Државен завод за статистика




© Државен завод за статистика