+A   |  -A
ппп: 794 | ввв: 202782
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Посета на студенти од Универзитетот за туризам и менаџмент
вторник, 28 април 2015

 

Вчера, Државниот завод за статистика беше домаќин на група студенти од Унивезитетот за туризам и менаџмент од Скопје - посета што се реализираше во рамките на меѓусебната соработка на ДЗС и Универзитетот која трае веќе неколку години.


Студентите предводени од нивниот професор и декан на Економскиот факултет, проф.д-р Сашо Кожухаров и асистентката Јаника Карапеткова, имаа можност да ги разгледаат просториите на Заводот - Систем-салата, CATI-центарот за телефонско анкетирање и Библиотеката на Заводот, а потоа за нив беше организирано предавање на тема „Прибирање на податоци со посебен осврт на статистиката на надворешната трговија“.


На крајот од предавањето студентите имаа можност да се запознаат и со содржината на веб-страницата на ДЗС и можностите што ги нуди за сите корисници.

 

   

 




© Државен завод за статистика