+A   |  -A
ппп: 678 | ввв: 217176
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Редовна годишна мисија на Евростат
петок, 24 април 2015

 Во периодот од 27 до 30 април, во Државниот завод за статистика ќе се спроведе редовното годишно оценување од страна на Евростат. Во текот на оваа програмска мисија, претставникот на Евростат, Торбиоерн Карлквист, ќе се сретне со високиот менаџмент на Заводот. Според програмата, предвидени се и средби со Стручниот колегиум на ДЗС, со други вработени од различни сектори на Заводот, како и со претставници на Народната банка на РМ и Министерството за финансии. Целта на ова оценување е да се утврди напредокот на Државниот завод за статистика во изминатиот едногодишен период.



© Државен завод за статистика