+A   |  -A
ппп: 559 | ввв: 187982
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Посета на студенти од Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“
среда, 22 април 2015

 

 Државниот завод за статистика беше домаќин на студентите од Департманот за надворешна трговија на Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, кои заедно со нивните професорки, проф.д-р Билјана Габер и проф.д-р Гордана Билбиловска, беа запознаени со работата на Заводот, а за нив беа подготвени и две презентации - Прибирање на податоци со посебен осврт на статистиката на стоковната размена со странство и Пописот како најмасовна статистичка акција. Презентациите побудија интерес кај студентите кои активно се вклучија во финалната дискусија со поставување на конструктивни прашања.


На крајот од посетата за студентите беше организирано и разгледување на Библиотеката на ДЗС, како и CATI центарот за телефонско анкетирање и Систем-салата на ДЗС.


Посетата беше организирана во рамките на Меморандумот за соработка меѓу двете институции и претставува редовна пракса која се спроведува во последниве неколку години.

   

 

 




© Државен завод за статистика