+A   |  -A
ппп: 619 | ввв: 183543
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Париз21 (Paris21)
понеделник, 06 април 2015

 

Од 30 март до 1 април во Париз, Франција, се одржа годишниот состанок на бордот на Париз21 (Partnership in statistics for development in 21-st century) на кој учествуваше и директорот на Државниот завод за статистика, г-ѓа Лидија Костовска.


На состанокот беше разгледана агендата во однос на Заклучоците 2015, буџетот за реализација на оваа агенда, а се донесе и Стратегија за развој за периодот 2016-2021 со Акциски план.


Паралелно со состанокот, за сите учесници беа организирани два семинара:


- Мерење на статистичките капацитети во државите и нивната состојба денес;
- Средства за имплементирање на Стратегијата на Париз 21 преку партнерства, владеење на правото и идните активности.

На состанокот учествуваа претставници на повеќе земји во развој од целиот свет.




© Државен завод за статистика