+A   |  -A
ппп: 603 | ввв: 169209
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Известување за корисниците за соопштението: Откуп и продажба на земјоделски производи
среда, 04 март 2015

 

Почитувани корисници,

Соопштението за Откуп на земјоделски производи од индувидуалните земјоделски производители и продажбата од сопствено производство на земјоделските претпријатија почнувајќи од 2015 година ќе се објавува на тримесечна основа, но ќе бидат застапени и соодветните месечни податоци.


Целта, на оваа промена во периодиката на објавувањето, е да се елиминираат големите сезонски варијации во производството и откупот на земјоделските производи. Сезонскиот карактер на земјоделските производи, предизвикуваат појава на големи сезонски варијации кои во тримесечното објавување на податоците ќе бидат прилагодени и ќе се добие поширока слика за тенденциите на откупот на земјоделските производи кои се актуелни во тој период. На тој начин ќе може да се согледа кои производи имаат годишен тек, а кои земјоделски производи се јавуваат во сезоната. Со ова се избегнуваат месечните екстреми кои се резултат на падовите и високиот раст во текот на годината.




© Државен завод за статистика