+A   |  -A
ппп: 574 | ввв: 169129
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Трошоци за заштита на животната средина
среда, 25 февруари 2015

 Јавноста сè повеќе станува свесна за потребата од заштита на животната средина од загадување и отпад. Заштитата на животната средина е интегрирана во сите сфери на општествено-политичкиот систем, со општа цел да обезбеди одржлив развој.

Во насока на подобрување на статистиките, Државниот завод за статистика за првпат го спроведе истражувањето Трошоци за заштита на животната средина што претставува еден модул од Сметките за животната средина кои, пак, претставуваат сателитски сметки на националните сметки. Податоците кои се прикажани во соопштението се однeсуваат на 2013 година.

Државниот завод за статистика ова истражување ќе го спроведува редовно, секоја година



© Државен завод за статистика