+A   |  -A
ппп: 565 | ввв: 183451
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Осми состанок на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“
четврток, 14 август 2014

 
Вчера, во просториите на Државниот завод за статистика се одржа осмата седница на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“.
Членовите на Управниот комитет го усвоија нацрт-извештајот за реализираните активности и резултатите остварени во текот на осмиот квартал од реализацијата на Проектот.
Имајќи предвид дека ова беше воедно и последен состанок на Управниот комитет, г-ѓа Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика, ги информираше присутните дека сите активности во рамките на Националната ИПА програма се реализирани во согласност со договорот.
Во рамките на Твининг-проектот беа реализирани 83 мисии и 6 студиски посети.
 
Линкови:
http://www.delmkd.ec.europa.eu/en/index.htm


Проектот го финансира Европската унија




© Државен завод за статистика