+A   |  -A
ппп: 558 | ввв: 169011
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Седми состанок на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“
среда, 02 јули 2014

 
Денес, во просториите на Државниот завод за статистика се одржа седмата седница на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“.
 
Членовите на Управниот комитет го усвоија нацрт-извештајот за реализираните активности и резултатите остварени во текот на седмиот квартал од реализацијата на Проектот.
 
На состанокот, г-ѓа Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика, ги информираше присутните дека сите активности, планирани во рамките на имплементацијата на договорот за набавка, се реализирани и Договорот за изработка на апликација за тематски мапи е потпишан со избраната фирма.
 
На оваа седница на Управниот комитет, покрај постојаните учесници и лидерите на Проектот, г-ѓа Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика, и г.Ринго Раупах, проект-лидер од Федералниот завод за статистика на Германија, присуствуваа и г. Родерих Егелер, претседател на Федералниот завод за статистика на Германија и г. Бернд Штоерцбах од Федералниот завод за статистика на Германија.
 



© Државен завод за статистика