+A   |  -A
ппп: 510 | ввв: 162124
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Завршен промотивен настан за Твининг-проектот
вторник, 01 јули 2014

 

Денес, во просториите на Инфо-центарот на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија се одржа завршниот промотивен настан под наслов „Македонската статистика поблиску до визијата за европскиот статистички систем“ на кој беа презентирани активностите и резултатите од твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“, финансиран од Европската унија. 


На настанот зборуваа: Неговата Екселенција, г.Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, г.Јован Андоновски, државен секретар во Секретаријатот за европски прашања при Владата на РМ, г. Ханс-Хелге Сандер, заменик - амбасадор на Република Германија во Република Македонија, г-ѓа Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика и проектен лидер од земјата-корисник, г. Родерих Егелер, претседател на Германскиот завод за статистика и г. Ринго Раупах, раководител на оддел во Федералниот завод за статистика на Германија и проектен лидер од земја-членка на ЕУ.


Проектот се реализираше во изминатите две години со помош на Федералниот завод за статистика на Германија, како лидер на Проектот, Данската статистика, како помлад партнер во Проектот и со експертска помош на статистичари од 8 земји-членки.


   
 

 





© Државен завод за статистика