+A   |  -A
ппп: 603 | ввв: 175544
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Семинари за Твининг проектот
понеделник, 30 јуни 2014

 

Денес, во просториите на Државниот завод за статистика и Стопанската комора на Република Македонија се одржаа семинари со кои се означи завршувањето на твининг-проектот на Државниот завод за статистика „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредувањето на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“, финансиран од Европската унија. Поконкретно, беа одржани следните семинари:


- Estat - Стандардизација и модернизација на методите за прибирање на податоци
- Постигнатиот прогрес за подобро разбирање на националните сметки
- Повеќе нови статистики, нови пристапи - повеќе можности за одлуки, социјални статистики
- Органско производство и трошоци за заштита на животната средина
- Извозно-увозни индекси
- Кодекс за работа на европската статистика
- Тематските мапи - важен дел во презентирањето и анализирањето на статистичките податоци


На семинарите зборуваа: г-ѓа Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика и проектен лидер на земјата-корисник, лидерите на компоненти од Државниот завод за статистика и експерти од земјите-членки кои во изминатите две години заедно работеа на Проектот и на проектните резултати.

 




© Државен завод за статистика