+A   |  -A
ппп: 471 | ввв: 162075
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Шести состанок на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“
понеделник, 17 март 2014

 

Денес, во просториите на Државниот завод за статистика се одржа шестата седница на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“.

Членовите на Управниот комитет го усвоија нацрт-извештајот за реализираните активности и резултатите остварени во шесте квартали од реализацијата на Проектот. Од започнувањето на Проектот, реализирани се 60 мисии, односно 74,1 % од планираните мисии се завршени. Управниот комитет на Проектот оцени дека активностите се реализираат во согласност со работниот план од твининг-договорот.

На состанокот, г-ѓа Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика, ги информираше присутните за статусот на другите два договора од ИПА 2009, договорот за набавка на ИТ системот за креирање на резервна копија и договорот за изработка на софтверско решение за on-line пополнување на прашалници.


Линкови:
http://www.delmkd.ec.europa.eu/en/index.htm
Проектот го финансира Европската унија

 

 

   



© Државен завод за статистика